Косово ќе го зголеми бројот на дипломатите во САД и Брисел

Косово ќе го зголеми бројот на дипломатите во САД и во Брисел, и ќе отвори дипломатски претставништва во Црна Гора и во Египет, изјави за весникот „Коха диторе“ портпаролот на Министерството за надворешни работи Артан Бехрами.

- Постои план да се разгледа функционирањето на дипломатските претставништва и неопходноста од постоењето на некои од нив. Отворањето нови претставништва ќе биде база за анализа на нашите цели на надворешната политика, рече Бехрами.

Тој истакна дека е неопходно да се зголеми бројот на претставниците на Косово во Брисел, затоа што таму ќе се развива дејноста поврзана со европската интеграција на Косово.

ФОТО: А1.он

најчитано сега