Коронавирусот стигна и во Амазонија: Забележан прв случај на заразен во племињата

Една жена од домородните жители кои живеат длабоко во прашумите во Амазон е заразена од коронавирусот.

Тоа прв случај забележан во повеќе од 300 племиња во Бразил, истакна министерот за здравство за домородното население.

20-годишната девојка од племето Кокам е тестирана позитивна на вирусот, во близина на границата со Колумбија.

Во истата област потврдени се четири случаи, вклучително и доктор од Бразилија, што доведе до страв оти епидемијата ќе се рашири на ранливите племиња со разорен ефект.

Министерот вели дека жената е медицинска работничка која била во контакт со докторот.

Таа единствена чиј тест е позитивен од 15 здравствени работници и 12 пациенти кои биле тестирани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега