Коронавирус - пет работи кои треба да ги знаете

Коронавирусот се прошири во повеќе од 170 држави ширум светот и паралелно со тоа се шират и митов.

Досега заразени се повеќе од 435.000, излечени се повеќе од 111.000, а починаа речиси 20.000 луѓе.

Маските не се така корисни

Иако сѐ повеќе луѓе носат маски, нема многу докази за тоа колку маските навистина штитат од вирусот.

Тоа е така бидејќи не ги покриваат очите, лабави се и не можат да се носат подолг период, па треба често да се менуваат.

Светската здравствена организација даде неколку совети кога станува збор за заштита од коронавирусот:

-Со марамче покриете ги устата и носот кога кивате

-Фрлете го веднаш марамчето во канта за отпадоци

-Потоа измијте ги рацете со сапун (тоа треба често да се прави)

-Држете се подалеку од луѓе кои кашлаат или киваат (најмалку еден метар)

Тоа што не треба да се прави е да се прави „гаргара“ со средства за чистење на грлото и да се полни носот со солена вода.

Ништо од тоа нема да ви помогне од коронавирусот.

Вирусот не може да се добие од животни

Не постојат докази дека играјќи со куче или маче може да се заразите со новиот вирус.

Тоа не значи дека веднаш по играњето со животно не треба веднаш да ги измиете рацете со сапун и топла вода. Дури и слатките пудли можат да пренесат бактерии како што е ешерихија коли или салмонела.

Научниците сметаат дека новиот облик на коронавирусот потекнува од пазар во кинескиот град Вухан, а изворот е некое диво животно. Но тоа не значи дека сите животни во вашата околина се опасни и шират вируси.

Ретко е убиец

Поголемиот дел од заразените ќе почувствуваат благи симптми (кашлање и висока температура) и брзо ќе оздрават, сметаат експертите.

Меѓутоа, некои сериозно заболуваат (воспаление на белите дробови, проблеми со дишењето).

Сепак, и грипот кој кружи секоја година исто така убива луѓе.

-Ризикот е мал во споредба со сезонскиот грип, вели професорот Џонатан Бол од Универтитетот во Нотингем, додавајќи дека личната хигиена секогаш е вид на заштита.

Нема лек

Сѐ уште нема вакцина за новиот вирус, а на него не делуваат сите антибиотици, а поголемиот дел од луѓето сами закрепнаа.

Научниците работат на вакцина, но таа прво треба да помине низа на тестирања, така што нема за скоро да биде во комерцијална употреба.

Иако вирусот може да се добие од кој било, најранливи се старите и луѓето со здравствени проблеми како астма, срцеви болести, рак и дијабетес.

Бројот на заразени во светот расте, но исто така, и бројот на оние кои закрепнуваат без последици.

Безбедно е да се јаде кинеска храна

Нема причина да се избегнува кинеската храна. Коронавирусот може долго да преживее на надворешните површини и затоа треба често да се дезинфицираат сите површени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега