Коронавирус: Ирак привремено ги затвори училиштата, а забрани и собирања на јавно место

Ирак ги забрани сите јавни собирања и влез во земјата на патници од Кувајт и Бахреин од страв поради ширење на коронавирусот, соопшти министерот за здравство на таа држава.

Со тоа бројот на земји од кои е забранет влез во Ирак порасна на девет, а на државјаните на Ирак им е забрането да патуваат во Кина, Иран, Јапонија, Јужна Кореја, Тајланд, Сингапур, Италија, а сега и Кувајт и Бахреин, наведе министерот во декретот.

Тој исто така нареди привремено да се запре работата на училиштата и универзитетите и да се затворат кината, кафулињата, клубовите и спортските јавни собирања од 27 февруари до 7 март.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега