Корона статистика: Само Црна Гора вчера со поголема смртност од Македонија
И покрај податокот дека неколку дена по ред имаме помалку од 10% инфицирани од бројот на спроведени тестови, Македонија и натаму се наоѓа на врвот во Европа според смртноста која ја предизвикува корона вирусот.
Во текот на вчерашниот ден само Црна Гора имала поголема смртност од Македонија. Со 3 жртви оваа земја со нешто над 600.000 жители се наоѓа пред Македонија каде вчера починаа 6 лица што е смртност од 2,9 на милион граѓани. Вкупната бројка на дијагностицирани случаи од почетокот на кризата е 11.399 што е 5ипол пати од онаа првична бројка од 2.000 која ја прогнозираа надлежните. Вкупно починале 517 пациенти а како активни случаи се уште се водат 3402 лица.
Повеќе од третина од нив, 1.231 се во главниот град, а по Скопје, следното најголемо жариште е Штип каде се уште има 381 активен случај.
Во Скопје најлоша слика имаме во Чаир каде има 164 активни случаи. Следи Аеродром со 139 и Кисела Вода со 129 активни случаи.
Во меѓувреме останува на сила мерката за задолжително носење на заштитна опрема а од полицијата информираат дека во изминатите 24 часа напишале 297 казни на граѓани кои не носеле заштитна маска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа