Користел туѓ пасош, а полицајци извршиле претрес и на неговиот багаж - уапсен Албанец на „Табановце“

Албански државјанин бил уапсен на граничниот премин „Табановце“, информира МВР.

-Вчера во 12:30 часот на граничниот премин „Табановце“ бил приведен В.О.(31) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение дека употребил туѓа патна исправа. После тоа, полициски службеници извршиле личен и преглед на личниот багаж, при што пронашле бела прашката материја. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка - соопшти МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2020 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега