Копа: Договорот од Преспа е правилен и праведен, без победници и поразени

 Позитивно, како за двете земји така и за регионот, го коментира Договорот од Преспа, Марилена Копа, професорка по меѓународни, европски и регионални студии на атинскиот Универзитет Пандио во интервју за МИА и вели дека станува збор за праведен и правилен договор без поразени и победници.

Професорката која важи за добар познавач на Балканот, но и на македонско – грчките односи, потенцира дека со договорот и двете земји го добиле она што го сметале за важно во преговорите.

Во однос на претстојниот референдум кај нас, Копа, во разговор со дописничката на МИА од Атина, вели дека потребно е да има позитивен исход.

Професорката Марилена Копа која е и поранешна европратеничка, беше дел од говорниците на научно - академската конференција посветена на аспектите од Договорот од Преспа, организирана од грчкото МНР пред 2 месеци.

- Договорот е правилен и праведен и за двете страни. Тоа е договор кој нема победници и поразени. И двете страни го добиваат она што е важно за секоја страна. За нас, е темата со името, односно дека ја разграничува вашата земја од целината на географската област на Македонија, но и од грчката Македонија, покажувајќи  дека е дел од еден поширок географски регион, а вие ги задржувате идентитетот и јазикот - вели Копа.

 

 

 

 

16.09.2018 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега