Конвој со руска медицинска помош се упати кон италијанскиот град Бергамо (ВИДЕО)

Рускиот тим за одговор на коронавирус составен од медицински експерти и специјалисти на руското Министерство за одбрана денеска во конвој се упатија  од италијанската воздухопловна база Пратика ди Маре кон Бергамо.

 Градот Бергамо на северот на Италија е еден од најтешко погодените градови од КОВИД-19, а руските тимови ќе помогнат во борбата против ширењето на пандемијата. Според руското МО, 22 специјални камиони и автобуси ќе возат 600 километри до крајната дестинација во регионот Ломбардија.

Специјалистите ќе донесат опрема неопходна за дијагностицирање и дезинфекција. Петнаесет авиони на Ил-76 на руските воздушни сили со воени специјалисти и опрема пристигнаа досега во Италија за да помогнат во борбата против пандемијата на коронавирус.

Италија е најтешко погодена во Европа од појавата на КОВИД-19, со скоро 70.000 потврдени случаи и повеќе од 6820 смртни случаи .

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега