Контроверзниот доктор кој беше член на тимот на Трамп за борба против ковид-19 поднесе оставка

Научниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, д-р Скот Атлас, познат по тоа што беше скептичен за воведување на мерки за спречување на коронавирусот, поднесе оставка.

 

Функционер од Белата куќа потврдил дека докторот од Универзитетот Стенфорд поднел оставка на крајот на привремениот ангажман во американската администрација, пренесува АП.

Веста за оставката ја потврди и Атлас во објава на Твитер.

Атлас се придружи на тимот на Белата куќа за време на летото, а често имаше конфликти со највисоките владини советници за коронавирус, вклучувајќи го и д-р Ентони Фаучи, кои бараа построги епидемиолошки мерки.

Тој ги критикуваше напорите луѓето да се охрабрат да носат заштитни маски, а пред само неколку недели на Твитер по повод воведување на новите мерки во Мичиген, ги повика граѓаните да се спротистават на таа одлука.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 08:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега