Конгресменката од Флорида, демократката Шила Шерфилус-Меккормик, е обвинета за кражба и перење федерални средства од ФЕМА за финансирање на својата предизборна кампања во 2021 година, објави Би-Би-Си.

Шерфилус-Меккормик (46) е под истрага од Комитетот за етика во Претставничкиот дом и се соочува со можност да биде исклучена. Главната обвинителка Пам Бонди го опиша случајот како „особено себично и цинично злосторство“.

Конгресменката тврди дека е невина и вети дека ќе го исчисти своето име. Доколку биде осудена, казната може да достигне до 53 години затвор.

Наводната измама, според Министерството за правда, била извршена преку здравствената компанија „Тринити хелкеар сервисес“, управувана од Шерфилус-Меккормик и нејзиниот брат Едвин Шерфилус, кој исто така е обвинет.

Компанијата во јули 2021 година добила преплата од пет милиони долари од ФЕМА за услуги поврзани со регистрирање граѓани за вакцини против Ковид. Обвинителите тврдат дека обвинетите ги префрлале средствата преку повеќе сметки за да го прикријат нивниот извор, а „значаен дел“ бил искористен за кампањата за Конгресот.

Обвинението наведува и дека дел од парите биле пренасочени кон пријатели и роднини, кои потоа ги донирале назад на кампањата како лични донации.

„Никој не е над законот, најмалку пак влијателните луѓе кои ги ограбуваат даночните обврзници за лична корист“, рече главната обвинителка

Exit mobile version