Конференција за сообраќајно-техничките вештачења во Охрид

Претставници на институциите задолжени за вршење сообраќајно-технички вештачења, на судските органи, на МВР, на осигурителните друштва, како и експерти од областа на сообраќајното вештачење ќе учествуваат на конференцијата што во организација на Бирото за судски вештачења наредните два дена ќе се одржува во Охрид.

Учесниците на советувањето ќе расправаат за повеќе теми од интерес на сите субјекти инволвирани во процесот на сообраќајно-технички вештачења, како што е влијанието на доказите прибрани со увидот врз квалитетот на самото вештачење, анализа на оставените траги при сообраќајни незгоди, примена на информатичката технологија за анализа и реконструкција на незгодите, како и теми од областа на осигурувањето на возилата, утврдување основ и висина на материјална штета, измами во осигурувањето и друго.

Пред учесниците на советувањето ќе се обратат претставници на Бирото за судски вештачења, на Националното биро за осигурување, на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, на МВР, а сите трудови што ќе бидат презентирани на конференцијата во Охрид или ќе произлезат од советувањето ќе бидат објавени во зборникот со стручни трудови. 

07.05.2014 - 15:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега