Коневски: Мицкоски побрзо да оздрави и да дојде на Вонредниот конгрес да даде отчет пред делегатите

Поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски му порача на Мицкоски побрзо да оздрави и да дојде на вонредниот конгрес за да даде отчет.

„Вонредниот конгрес ќе биде за Мицкоски да даде отчет пред луѓето кои го донесоа на чело на ВМРО-ДПМНЕ и му ја дадоа довербата во Валандово... Во моментов му посакуваме на Мицкоски побрзо да оздрави и да закрепне, и здрав и прав да дојде на конгресот и да даде отчет пред делегатите за тоа што го сработил последните четири години.“напиша Коневски кој кој е дел од Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 08:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега