Конечно добри вести: Од викендов не очекува вистинска пролет

Под влијание на значително потопла воздушна маса кој од северните предели на Африка ќе продре кон нашата територија за време на претстојниот викенд ќе имаме постабилно време со повеќе сончеви периоди иако во попладневните часови само на планинските места има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи температурите на воздухот значително ќе пораснат и особено во недела ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, соопшти метеорологот Славчо Поповски.

Нови услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има од понеделник но останува топло времето што значи големо заладување нема на видик.

Поради јужното и југозападното воздушно струење подвторно од Сахара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и песок па особено метеопатите овие денови може поради ваквата ситуација да чувствуваат здравствени проблеми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега