Кон: Ме иритира тоа што луѓето се уште не ги почитуваат мерките- ќе следуваат парични казни

Епидемиологот и член на српскиот кризен штаб, Предраг Кон, изјави дека штом има поголемо олабавување на мерките, коронавирусот веднаш се активира.

- Ме иритира тоа што кога велиме дека нешто е задолжително, луѓето го третираат како што предложено. Рековме дека маските се задолжителни во кафулињата на отворено, и никој не го почитува тоа - рече Кон.

Тој, како гостин на ТВ Хепи, рече дека оној што седи во отворен дел на кафуле и не носи маска, а веќе го испил пијалок, сторил прекршок и не треба да се чуди ако комуналната инспекција му наплати парична казна.

Кон посочи дека Србија, кога е во прашање епидемијата, е во многу подобра состојба од минатата година во ова време.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа