Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска информираше дека успешно биле завршени градежните работи на уште еден дел од објектот „Кокиче“, кој функционира во состав на градинката „Весели Цветови“.

„Со овој зафат, објектот е целосно реновиран!  Комплетно го обновивме средишниот, постар дел од објектот, кој опфаќа три занимални во кои престојуваат дечиња на возраст од 2 до 6 години, кујната, канцеларијата и ходникот. Целосно е отстранета старата ламперија од ѕидовите, поставена е арматурна мрежа, а ѕидовите се израмнети и соодветно обработени“, посочи Стаменкоска Трајкоска.

Воедно, таа додаде дека бил поставен нов плафон, а извршена била и демонтажа, темелно чистење и бојадисување на радијаторите и поставено било ново осветлување.

„Континуираното унапредување на условите за децата во градинките останува наш основен приоритет. Со ова реновирање создаваме многу попријатна, побезбедна и поздрава средина за престој и едукација на најмладите“, порача градоначалничката.

Exit mobile version