Компаниите што ќе имаат загуби ќе ја враќаат помошта која ќе ја добијат од државата за исплата на плати

Компаниите со загуба ќе ги враќаат парите кои од државата ќе ги добија како помош за исплата на платите, мерка која треба да биде дел од петтиот пакет мерки за помош на стопанството.

Фирмите кои ќе прикажат добивка на крајот на годината нема да треба да ги враќаат парите. Владата размислува да направи ваква измена и кај субвенциите, но и кај бескаматните кредити со цел да ги мотивира компаниите повеќе да работат.

-Во однос на поддршка на компаниите за исплата на плати, на бизнис секторот веројатно ќе ги понудиме и две опции, двата модели, со изменети услови. И опцијата за финансиска поддршка за исплата на плати и финансиска поддршка преку кредити со 0% камата. Наскоро ќе биде објавен целиот сет на економски мерки и ќе бидат презентирани сите детали, но да, духот на овој пакет е заздравување и развој. И во двете понудени решенија ќе има опција дел од  средствата да станат неповратни доколку фирмата покаже успех и зголемување на поддршката при зголемување на бројот на вработени. Пакетот мерки, се уште се разработува во неговите детали, и во некој од следните денови ќе биде презентиран, велат од Влада. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2021 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега