Комити потврдија: Шампионите ќе дојдат порано, Вардарци слетуваат во 16 часот

Наместо како што беше претходно најавено, односно во пет минути до полноќ, експедицијата на ракометарите на Вардар ќе пристигне на меѓународниот аеродром во Скопје во 16:15 часот.

Промената доаѓа откако е организиран чартер лет за новите европски шампиони.Пречек ќе има и на аеродром и потоа на плоштадот „Македонија“.

„Сепак ќе има промени!
Шампионите ќе дојдат порано денес со Чартер лет дирекно Келн-Скопје, и треба да слетаат околу 16:00ч. на Аеродромот Александар Велики. За кратко детали“, стои во најновата објава на Комити.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2019 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега