Комити бараат полицијата јавно да го каже името на тие што земале пари за протести

 

Навивачката група Комити побара МВР јавно да каже кој земал пари за да оди на протести, јави Сител. Од навивачката група за телевизијата велат дека до овој момент ниту еден денар од никаков донатор не стигнал кај Комити. Според нив, станува збор за политички притисок од власта врз навивачите, нешто на што навивачката група Комити веќе предупреди.
Од Комити велат дека ја поздравуваат истрагата на полицијата и апелираат доколку некој земал пари за протести неговото име час поскоро да биде јавно објавено.

Реакцијата на Комити следи по изјавата на премиерот Заев дека приведени навивачи во полиција изјавиле дека земале пари од рускиот бизнисмен Савидис за да излезат на протести.

И Савидис денеска ја демантираше оваа информација а реагираше и руската амбасада

 

 

 

17.07.2018 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа