Комисијата за заразни болести утринава на состанок - Македонските власти нема да затвораат граници поради омикрон

Комисијата за заразни болести денеска на редовниот состанок околу состојбата со коронавирусот се очекува да расправа и за новата мутација на вирусот наречена „Омикрон“. На седница на Владата, пак, утре треба да се одлучува за новата предложена мерка за финансиска стимулација на матичните лекари доколку бројот на нивните вакцинирани пациенти против Ковид-19 надмине 70 проценти. По вчера регистрираните 333 новозаразени во државава сега се активни 8.398 ковид случаи.

Македонските здравствени власти нема да воведат рестрикции за патниците кои се враќаат од Јужна Африка поради омикрон варијантата на коронавирусот, ниту пак за патници кои што влегуваат од европски држави, дознаваме од извори во Комисијата за заразни болести. Причината е што засега, за македонските здравствени власти, омикрон варијантата не е ризик за влошување на епидемиолошката состојба во земјава.

– Во однос на новиот сој на Ковид-19 сега е се уште рано да се каже точно, станува збор за нова мутација на вирусот „Омикрон“ која има бројни мутации посебно во делот на спајкот и сега тука е сомнежот дека можно е да е потрансмисибилен отколку сите досегашни мутации. Меѓутоа, ние имавме и многу други мутации кои не се проширија досега. Имаше и други сценарија – делта сојот кој навистина секаде се прошири. Ќе ги разгледуваме сите овие работи во понеделник на состанок на Комисијата за заразни болести, изјави за медиумите викендот ресорниот министер Венко Филипче.

29.11.2021 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега