Комисијата за заразни болести: Не е одобрено одржувањето на Галичка свадба, најголем проблем направија свадбите

Годинава, наместо на големиот празник Петровден како што е традицијата, Галичка свадба е одложена за 28 август, поради пандемијата на Ковид 19, но од Комисијата за заразни болести, на прашање на Фактор дали навистина манифестацијата е одложена за наредниот месец одговорија дека тоа не е одобрено.

- За нас воопшто не е важно која дата е избрана за одржување на Галичка свадба. Ние ја следиме епидемиолошктата состојба, која не е поволна во моментов за такви манифестации. Најголемиот  проблем го создадоа свадбите, заради масовните собирања имаме зголемување на бројот на заразени. Во светот сè е одложено, една Олимпијада која има традиција од 2000 години е одложена, така што не е трагедија ако Гличка свадба не се одржо оваа година, вели д-р. Сашо Стојанов директор на Центарот за јавно здравје и член на Комисијата за заразни болести.

Тој појаснува дека и самиот ден на изборите нема да биде ризик по здравјето на луѓето зошто сè ќе се одвива по протоколи.

- Ризикот некој да се зарази на денот на изборите е сосема ист како да сте влегле во некој од маркетите. Нема да има проблеми ако се почитуваат протоколите. Но, проблем може да биде ако некој вечерта одлучи да слави на плоштад. Значи, бројот на новозаразени се зголемува кога има масовни собири, потенцира д-р. Стојанов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега