Комисијата за заразни болести даде зелено светло за дневен престој во училиштата

Зелено светло за дневен престој во училиштата дала Комисијата за заразни болести на денешниот состанок, јавува Канал 5.

Според здравствените власти, ризикот за пренесувае на вирусот во дневниот престој е мал бидејќи станува збор за иста група на деца кои се заедно и во претпладневните часови.

Одлуката е донесена во консултација со Министерството за образование и наука и по анализа на актулената состојба со епидемијата од коронавирусот во земјава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа