Коментарите на Пирс Морган за Меган го соборија рекордот на поплаки во Офком

Коментарите на Пирс Морган за војвотката од Сасекс во емисијата „Добро утро Британија“ предизвикаа рекорден број поплаки до британскиот регулатор за електронси медиуми Офком.

Поднесени се околу 57.000 поплаки или приговори во врска со емисијата за интервјуто за Опра Винфри на 8 и 9 март, пренесува „Би-би-си“.

На 9 март, водителот Морган рече дека „не верува ниту збор од она што Меган го кажа“ во интервуто. Тој ја напушти програмата на „Ај-ти-ви“ подоцна тој ден.

Вкупно 57.121 приговори е за 12.600 повеќе од оние направени во текот на ТВ-шоуто Celebrity Big Brother во 2007 година.

И војвотката е меѓу оние кои се пожалиле до надзорното тело.

„Офком“, кој ја регулира британската телевизија од 2003 година, веќе започна истрага за „Добро утро Британија“. Во средата, портпарол рече дека истрагата е во тек.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2021 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа