Колозова за „францускиот предлог“: Европа се договара сама со себе

Професорката Катерина Колозова на гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека немало никаков предлог до нас во однос на кревањето на бугарското вето, за да може да го одбиеме.

Универзитетската професорка вели дека Европа сама со себе се договара за тоа како ќе преговара со нас.

„Документот е наречен генерална позиција на Европскиот совет. Таму никој на предлага, ниту некој нè прашува за да прифатиме или одбиеме. Секој малку писмен со здрав разум ќе разбере дека ова се вика генерална позиција на Европскито совет. Оваа не ни се обраќа нас, не ни предлага, ниту бара наша согласност. Европа сама со себе се договара како ќе преговара со нас“, кажа Колозова.

29.06.2022 - 23:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа