Колони возила - Се чека повеќе од половина час за влез во Бугарија

Поради пад на компјутерскиот систем повеќе од половина час се чека за влез во Република Бугарија кај граничниот премин Станке Лисичково. Како што информираат возачи, кои брзо ја завршиле процедурата за излез од Република Македонија кај граничниот премин Делчево од бугарска страна застојот почнал околу 16 часот.

– Веќе половина час чекаме за влез во Република Бугарија. Ни рекоа дека причината е пад на компјутерскиот систем. Додека трае застојот граничари ја вршат стандардната проверка за убрзување на процедурата при враќањето во нормала на комјутерскиот систем, велат возачи од Делчево.

Додадоа дека моментално за влез во Бугарија чекаат околу 30 автомобили и неколку товарни возила.

За решавање на овој проблем кој претставува тесно грло во сообраќајот пред еден месец бугарскиот европратеник Анреј Ковачев, кој беше во посета на Делчево, најави реконструкција на граничниот премин Станке Лисичково по што се очекува да се решат проблемите со застојот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега