Колкy заработи „Фајзер“ оваа година од вакцините против коронавирусот?

Минатата година во трката за развој на вакцина против Ковид-19 компанијата „Фајзер“ донесе голема одлука. За разлика од конкурентите, кои се заколнаа дека ќе се откажат од профитот од сопствените вакцини за време на пандемијата на коронавирусот, „Фајзер“ го планира токму спротивното, пишува „Њујорк тајмс“.

Производителот на лекови со седиште во Њујорк и германскиот партнер за вакцини „Бионтек“ објавија продажба на вакцини од 3,46 милијарди долари во првите три месеци, а сега предвидуваат продажбата да достигне приближно 26 милијарди долари во 2021 година, а не околу 15 милијарди долари, како што беше предвидено претходно, пренесува АП.

Двете компании очекуваат набргу да добијат одобрение во САД и ЕУ за давање вакцина на деца на возраст од 12 до 15 години, исто така продолжуваат да тестираат вакцини за други категории пациенти и работат на развој на нови верзии на вакцини, кои имаат подолг рок на траење и не бараат ултраскладирање.

За разлика, на пример, од „Модерна“, вакцината на „Фајзер“ не е клучна за деловната активност на оваа компанија. Минатата година „Фајзер“ оствари профит од 9,6 милијарди долари пред вакцината против коронавирусот да има некакво влијание врз нејзините резултати, пишува „Њујорк тајмс“.

Од „Фајзер“ велат дека, дури и без продажба на вакцини, компанијата е на пат да ја постигне својата цел да ги зголеми приходите за најмалку 6 проценти секоја година до 2025 година. Компанијата соопшти дека оваа година може да произведе две милијарди дози вакцини вклучувајќи 200 милиони дози ветени на САД до крајот на мај.

МАКФАКС

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега