Колку постари толку подобри: Топ 5 листа на најзгодни мажи постари од 50 години

Тие се доказ дека не само жените, туку и мажите можат да бидат како вино! Колку е постаро, толку подобро!

Тие се згодни, шармантни, заводливи, претежно милионери и жените едноставно лудуваат по нив, и покрај огромната разлика во возраста. Дали разликата во возраста може да се компензира со други работи? На вас е да одлучите, а ова се ТОП 5 постарите мажи, кои би ги привлекле внимание на секоја жена.

1. Винсент Касел

Овој француски актер е познат по својот луксузен живот, но и по привлекувањето убави жени, за што сведочи и фактот дека тој беше оженет со Моника Белучи, жена за која мечтае секој маж. Винсент има три деца, а последното дете го доби со сегашната сопруга, познатата манекенка Тина Кунаки, која е повеќе од 30 години помлада од него!

2. Џанлука Ваки

Овој харизматичен Италијанец е роден на 5 август 1967 година во Болоња, каде што дипломира на Универзитетот за економија и бизнис. Како претприемач, тој работел во различни области, од туризам до мода. Познат по екстравагантниот и безгрижен живот на плејбој, тој е познат и по својот здрав начин на живот и љубов кон скапите мотори и луксузни автомобили. Тој сака да поминува време на своите јахти и сака да посетува егзотични места. Меѓу славните дами со кои имал минлива врска е и Џнифер Лопез.

3. Андерсон Купер

Тој е американски телевизиски новинар и главна ѕвезда на Си-Ен-Ен. Има 53 години и е роден во Менхетен, во срцето на Њујорк. Тој има еден син, кој му го дала сурогат мајка. За жал драги дами, ова згодно момче е ГЕЈ!

4. Џорџ Клуни

Иако многумина сметаа дека Џорџ Клуни (59) останува вечен ерген, неговото срце го освои 16години помладата адвокатка Амал (41), за која се ожени во 2014 година и на свет донесе близнаци во јуни 2016 година. Овој познат заводник е актер, продуцент и режисер, а во слободното време ги крши женските срца!

5. Ричард Гир

Овој 72-годишен актер сè уште важи за еден од најголемите „фраери“ во светот. На 71 година има уште едно дете со сегашната сопруга, која е 33 години помлада од него. Пред шпанската убавица со која сега е оженет, Ричард беше во брак и со Синди Крафорт.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2020 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега