Колкава е излезноста во Дебар и Центар Жупа до 15 часот

Според Општинската изборна комисија, во Општина Дебар до 15 часот правото на глас го искористиле 24 отсто од вкупниот број гласачи.

-До 15 часот гласаа 4.570 лица или 24 отсто од вкупно запишаните 18.764 лица со право на глас. Гласањето се одвива во најдобар ред и се надеваме дека така ќе биде до крајот на гласањето, односно до 21 часот кога треба да бидат затворени избрачките места, изјави Бурим Каба од ОИК на Дебар.

Денешниот изборен процес без проблеми минува и во општина Центар Жупа, каде се гласа на 16 избирачки места.

Според Шахин Шаќир на ОИК, до 15 часот правото на глас го искористиле 1.037 лица или околу 14,7 отсто од вкупно запишаните 7.061 лице со право на глас.

На последните избори во Дебар гласале 30 отсто или 5.312 лица, додека во Центар Жупа 10 отсто или 679 гласачи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега