Колевски: Ние не можеме да утврдуваме одговорност кај Русковска

Обвинителката Вилма Русковска денеска нема да се појави пред Советот на јавни обвинители туку испратила писмено образложение за смс пораката што им ја испрати на Апелациските судии кои ја пуштија поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, во домашен притвор.

Претседателот на Советот за јавни обвинители, Ацо Колевски, во изјава за Фокус, објаснува дека тие како Совет побарале писмена изјава од Русковска

- „Ние можеме да заземеме само заклучок или правен став во однос на настанот. Утврдувањето на одговорност е посебна постапка, Советот во овој момент нема такви законски ингеренции. Доколку има одговорност, постапката ја покренува државниот јавен обвинител, треба дисциплинска комисија или етичкиот совет да расправа, ние одлучуваме после дисциплинската постапка по жалба. Ние сме крајна инстанца при носењето на одлуката, не сме иницијатори или предлагачи за спроведување на постапка за одговорност“, објаснува Колевски.

Судирот меѓу судиите и обвинителката се случи по нивната одлука да ја пушатат Јанева од куќен притвор, а пораката на Вилма гласеше Ќе ве истресам од гаќи, по што следеа бурни реакции.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега