Колев: Палењето на знамето на држава која дала државјанства на илјадници Македонци е невоспитано

Да го запалиш знамето на државата која прва нè призна и испрати јасен сигнал кон целиот свет дека Македонија ќе биде самостојна и суверена држава, да го направиш на тој или претходниот ден по 29 години, е повеќе од јасна порака, вели Петар Колев, претседател на ГДУ.

„Да го запалиш знамето на државата која образовала илјадници твои деца, дала државјанства на илјадници твои граѓани, комшии, роднини кои работат низ цел свет и праќаат пари на своите семејства за да ги спасат од глад и мизерија, во која држава и денес функционираат фирми на твои сограѓани, роднини и комшии, а печалбите ги трошат во Македонија е меко кажано невоспитано“, смета Колев.

Проблемите и нерешените прашања се решаваат, додава тој, но комшиите и роднините остануваат.

Тој вели дека жали за тоа што се случило и вели дека се надева дека сфаќаме како општество колку е болно и навредливо кога некој ќе ти го запали националниот симбол и каква навреда е тоа.

„Ни се случувало многу пати да гори и македонското знаме, но, за волја на вистината, никогаш не било палено во Бугарија или од Бугари туку од други наши соседни земји, но и наши сограѓани од друга етничка припадност. Палењето на национални симболи е кривично дело, извршено од индивидуалци и очекувам институциите да си ја завршат својата законска обврска, бидејќи сум убеден дека ние како општество не сме должни да го носиме срамот и навредите предизвикани од индивидуални постапки“, вели Колев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега