Колариќ: Господине Шилегов, вашиот шофер е вработен како инспектор

Близу две третини до граѓани во најновата анкета на Детектор велат дека не се задоволни од тоа како работат инспекциските служби.
Откако градоначалникот Шилегов обвини дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ функционерите своите шофери ги вработувале како инспектори, советничката во Советот на Град Скопје од редовите на опозицијата, Светлана Колариќ рече дека токму шоферот на Шилегов е вработен како инспектор во Градот.
„Вашиот шофер не е инспектор, градоначалник, каде е тој со решение за работа. Еве проверете го, нека проверат и медиумите каде работи вашиот шофер.“ – вели Колариќ за Детектор.
Шилегов кратко одговори дека тој веќе не е негов шофер. Тој ја обвини опозицијата дека е тотален непознавач на животната средина и дека се обидува да извлекува политички поени од загадениот воздух.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2020 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега