Колапс на Реал среде Мадрид - Сити преку пенал и црвен картон до победа

Фудбалерите на Манчестер Сити го шокираа Реал и во Мадрид забележеа победа од 1:2 во осмина финалето од Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ губеа се до 78. минута, но тогаш дојде големиот пресврт со дополнителни потешкотии за избраниците на Зинедин Зидан.

Голот за изедначување го даде Жезус во 78. минута по одличен центаршут на Кевин де Брајне. А водството пристигна во 82. минута од белата точка, од каде стрелаше асистентот на првиот гол. Само четири минути потоа капитенот на Реал, Серхио Рамос го собори Жезус на линијата од пеналтикот и заработи црвен картон. Сепак, судијата досуди слободен удар, што „граѓаните“ не успеаја да го реализираат.   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега