Кокаин и црвени светла – тајниот живот на убиецот во Хрватска: Профил на монсрумот кој ги уби своите три деца во Загреб.

Под насловот „Кокаин и црвени светла – тајниот живот на убиецот во Хрватска“ австријскиот „Хојте“ го профилираше Харалд Коптц, човекот кој вчера ги задави своите деца и се обиде да се самоубие.

Според информациите од неименуван извор, весникот пишува дека 56-годишниот финансиски консултант со години одел на виенската „сцена на црвени фенери“, консумирал дрога и делувал депресивно.

Харалд на социјалните мрежи се прикажувал себеси како грижлив татко и редовно објавувал фотографии од своите деца на пливање, како готват или од Зоолошка градина.

Сепак приказната, како што пишува вестникот, била само фарса бидејќи наводно Коптц „не ги сакал“ своите деца и бил опседнат со идејата оти тој не е нивен биолошки татко.

-Тој беше опседнат со тоа. Секогаш одново и одново нагласуваше како е страшно да се има деца. Последните две години постојано потценувачки зборуваше за своето семејство. Се гледаше некаков вид омраза во неговите очи,  вели личноста која му била блиска.

Весникот додава и дека се претпоставува оти таткото ги убил децата под дејство на дрога, па хрватските ограни истражуваат дали за време на злосторството бил под дејство на психотропни супстанци.

Исто така се наведува и дека осомничениот е стабилен и свесен, а во болницата го чува полиција.

 

 

26.09.2021 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега