Која земја е најголем произведувач на оружје во светот: Пет фирми го снабдуваат со оружје целиот свет

Сто најголеми произвоедувачи на оружје минатата година имале вкупен промет 420 од милијарда долари, што е 4,6 отсто повеќе од 2017 година.

Овие податоци ги објави Меѓународниот институт за истражување на мир во Стокхолм, а сумата е уште поголема затоа што произведувачите од Кина не влегле во овој збир. Најголем раст на продажбата имале најголемите американски претприемништва, додека Европјаните имаат раст од 0,7 отсто, со заработка од 102 милијарди долари.

Од друга страна, руските фирми со 36,3 милијарди долари имаат намален промет и тоа за 0,4 отсто. Инаку, првпат од 2002 година пет најголеми произведувачи на оружје се исклучиво американските претприемништва кои бележат дури 35 отсто промет меѓу стоте најголеми произведувачи на оружје во светот.

„Lockheed Martin" сам прави 11 отсто од вкупната продажба на стоте најголеми фирми.

Меѓут стоте најголеми, 27 се од европскиот континент. Во предност е Велика Британија чии големи концерни продале оружје и услуги за 35,1 милијарди долари. Следуваат француските со 23,2 милијарди, па германските со 8,4 милијарди долари.

Руските претприемништва оствариле удел од 8,6 отсто во обртот на стоте најголеми светски фирми. Од 2009 годинауделот на руските претприемништва во производството на оружје континуирано се зголемува, пишува СИПРИ.

„Причината пред се е зголемувањето на руските инвестиции во производството на оружје поврзано со примена на голем план на воената модернизација за временкиот период меѓу 2001 и 2020 година“, наведува СИПРИ. Во помала мера за растот заслужен е извозот на руското оружје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега