Кој заработи најмногу пари и е најбогат на светот - не е ниту Гејтс, ниту Безос

Најмногу пари од сите луѓе во светот оваа година заработил Французинот Бернар Арно, сопственик на компанијата LVMH или 35,5 милијарди долари.

Под закрила на оваа компанија работат брендовите Луј Витон, Диор и „Moet & Chandon“. 

LVMH пред два месеци постигна договор за купување на американскиот драгоцен гигант Тифани за повеќе од 16 милијарди долари. Вкупното негово богатство сега се проценува на 117 милијарди долари откако акциите на неговиот конгломерат кој се занимава со луксуз пораснаа во петокот за 1,66 отсто, што доведе до скок на листата која се ажурира во реално време.

Од друга страна, Амазон во последната трговска сесија изгуби 0,7 отсто од вредноста што доведе до тоа Безос да падне на второ место со 115,6 милијарди долари.

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејст остана на трето место на листата со 110,6 милијарди долари.

„Форбс“ истакнува дека Гејтс и понатаму ќе бил на првото место на листата најбогати да не донирал 35,8 милијарди во текот на животот во добротворни цели, но и понатаму продолжува со оваа хумана мисија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2020 - 23:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега