Кој му го украде моторот на Викса?

Познатиот радиоводител Виктор Петров - Викса остана без скутерот. Кражбата се случила деновиве додека тој бил на пат низ Македонија, јавува Вечер. По неколкудневното отсуство од дома, кога се вратил, во влезот на местото каде што му стоел моторот, забележал дека го нема, па веднаш повикал полиција и ја пријавил кражбата.

Ми го украдоа од ходник, тоа е исто како некој да ти го украде од двор. Комшиите велат дека не знаат ништо, како никој да не видел. Еве сега одам да се видам со полицајците кои го следат случајот, да проверам со каде се со истрагатаа, ни изјави Викса, кој патем додаде дека можеби тоа е и божја волја, за да го намали стомачето и почесто да вози велосипед, кој деновиве и тоа како му е од корист.

Кој знае зошто е тоа добро. Возам велосипед, па во целава работа имам и нешто позитивно, ќе го намалам стомачето. Искрено очекувам крадците да бидат фатени, бидејќи до мојот влез од зградата во Карпош има обложувалница и има камери. Доколку полицијата ги прегледа снимките, крадецот ќе биде фатен. Тие имаат снимено се, па затоа и целава приказна доби сосема друг правец, а работата на полицајците и тоа како им се олесни, а очекувам наскоро да си го вратам моторчето. Како и да е, педер е тој што ми го украде моторотт, заврши водителот. 

најчитано сега