Кој ќе влезе во трка со Мицкоски за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

До овој момент се уште нема ниту еден пријавен кандидат кој би влегол во трката за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, против актуелниот Христијан Мицкоски. Иако рокот за пријавување на кандидати кои би ги вкрстиле копјата со Мицкоски на партискиот Конгрес се уште е во тек, мали се шансите актуелниот лидер да добие против кандидат.
По победата на локалните избори, Мицкоски има прилично сигурна позиција во партијата и ужива голема доверба кај делегатите и членството па веројатно тоа делува демотивирачки кај потенцијалните кандидати поради што, големи се шансите изборниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ да помине со само една кандидатура.
Мицкоски во неколку наврати апелираше до сите заинтересирани кандидат да се пријават на партискиот повик и да влезат во трката со него.
Опозициската партија идниот викенд на 12 декември ќе го одржи својот партиски Конгрес за кој е резервирана спортската сала „Јане Сандански“.
На него се очекува Мицкоски да го добие вториот мандат како Претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Пред него, партијата ја водеа Љубчо Георгиевски и Никола Груевски.

 

02.12.2021 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега