Кој ги поддржува и од каде толку ракети? Дознајте сѐ за Хамас

Радикалниот Хамас овие денови по четврти пат жестсоко се судри со Израел откако ја презеде можта во Појасот Газа пред 15 години.

За што се заложува Хамас, на чија поддршка смета и од каде им се толку ракети?

„Радикален“ или „исламистички“ – овие епитети обично се читаат во западните медиуми за организацијата Хамас која во 2007 година ја презеде моќта во Појасот Газа. Последните денови, откако Хамас испали илјадници ракети кон Израел, сѐ почесто се говори и за „исламистичка терористичка организација. Така официјално за Хамас се обраќаат ЕУ и САД.

Исклучок во Европа се Швајцарија и Норвешка, две неутрални држави кои негуваат контакти со Хамас. Некои други светски држави дури и го поддржуваат.

ИСТОРИЈА

Хамас е втемелен во втората половина од 80-тите години како опозиција на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) на чие чело беше Јасер Арафат. Спорно е прашањето дали Хамас прашањето дали Хамас во почетоците бил финансиран од израелската влада за да биде против ПЛО, анализира Дојче Веле. Не изненадува тоа сценарио денеска да го демантираат и Израел и Хамас бидејќи за разлика од ПЛО, Хамас не го поддржува правото на Израел да постои како еврејска држава.

На грбот на Хамас се наоѓа џамијата Ал Акс со познатата златна купола, а меѓу плестинското знаме се наоѓаат и контури на неподелена палестинска држава, територија која вклучува и денешно подрачје кое му припаѓа на Израел.

Арафат во 1993 година во рамки на Мировниот процес во Осло договори мир со Израел и така ја оконча Првата итифада, како што се нарекуваат палестинските востаници. Хамас не го призна тој историски договор и продолжи со напади на израелски територии.

На изборите во 2006 во Појасот Газа Хамас освои апсолутно мнозинство, а една година подоцна по воен пат ја зациментира власта. На подрачјето на Западниот брег на власт е умерената партија Фатах под водство на Махмуд Абас. Поради тоа често може да се слушне дека палестинското подрачје не е раздвоено само географски, туку и политички.

Од Појасот Газа Хамас продолжи да изведува напади на Израел опишувајќи ги како „самоодбрана“. Овие денови сведоци сме на четвртата ексалација на воени судари по 2008/09, 2012 и 2014 година.

КОЈ ГО ПОДДРЖУВА ХАМАС?

Појасот Газа е едно од најгусто населените подрачја во светот со околу два милиони жители на 360 квадратни километри. Газа е речиси сосема изолирана поради безмалку херметички затворените граници со Египет на југ и со Израел на исток и север, а Средоземното море на запад. Голем дел од жителите живеат во сиромаштија, осудени на хуманитарна помош кој во минатите години, по притисок на тогашниот американски претседател Доналд Трамп, беше значително намалена.

Кога Хамас изведува напади цивилното население често им служи како човечки штит. Ракетите се испалуваат од станбени квартови, а командите им се наоѓаат во згради. Хамас често копа и тунели за криумчарење оружје, најмногу од Египет. Но тамошната Влада тврди дека не е заинтересирана таа пракса да се продолжи.

Еден од најважните донатори и странски сојузници за Хамас е Катар. Тамошниот емир во 2012 година како прв странски државник го посети водството на Хамас во Газа. Оваа мала заливска држава е досега на Хамас му има префрлено повеќе од 1,5 милијарди евра.

Но, Израел се надева оти Катар и некои други арапски држави ќе пристапат кон „Abraham-Accord“ што го иницираше Трамп, па така ќе воспостават и дипломатски односи со Израел.

Уште еден важен сојузник на Хамас е Турција. Непосредно по последните ракетни напади од страна на Хамас, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган разговараше со политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханијех и му вети поддршка.

Освен Катар и Турција, Хамас го поддржуваат и невладини организации и здруженија, меѓу кои и од Германија.

Како што пишува Шпигел, германските здруженија блиски до Хамас во Појасот Газа праќаат донации во милионски износи.

ОД КАДЕ РАКЕТИТЕ?

Бројот на испалени ракети во нападите на Израел кои почнаа минатиот понеделник  е доста висок. Само минатиот вторник во само неколку минути испалени беа 130 ракети.

Со таков интензитет на стрелање израелската противвоздушна одбрана не може секогаш да излезе на крај. Во недела дена на Израел испалени се над 3.000 проектили.

Проектилите на Хамас долго време доаѓаа главно од Иран. Аналитичарот Фабиан Хинц, кој е специјализиран за тематиката на ракетите на Блискиот исток, за германскиот јавен сервис ЗДФ изјави:

„Беше познато дека разни групи ги зголемија своите арсенали. Беше познато и оти количината на ракети кои им е на располагање се проценува на илјадници парчиња, тоа во повеќе наврати е потврдено од страна на израелски извори“.

Магазинот „Ерусалим пост“ цитираше извори од тајните служби кои тврдат оти арсеналот на Хамас опфаќа до 6.000 проектили. А тука се и до 8.000 проектили кои ги поседува Исламски џихад, организација која делумно соработува со Хамас.

Според Хинц, иранските ракети долго време биле криумчарени во Појасот Газа преку Судан, односно Египет. Но тоа сега веќе не е едноставно, особено откако во 2019-та година од власт беше тргнат суданскиот диктатор Омас ал Башир. Во меѓувреме, Хамас, како што се претпоставува, поголемиот дел од ракетниот арсонал го произведува сам на лице место – од суровини и алати кои биле криумчарени од странство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2021 - 22:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега