Кој е Горан Трајковски, кој од директорската позиција во ДЗЛП заминува во Еуростандард банка

Горан Трајковски се повлече од директорската позиција во Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП), поради лични причини, односно ново работно место во Еуростандард банка, каде е предложен за нов член на Управниот одбор (УО) по препорака на Надзорниот одбор на банката.

Средно училиште завршил на биотехнолошката насока во скопското училиште „Никола Карев“.

Завршил Правен факултет, а пред да се вработи во Министерството за финансии во 2000 година, работи во фирма за процесна опрема на неговиот татко.

Од Министерството за финансии заминува во Управата за јавни приходи (УЈП), каде по извесен период, во 2006 година, станува директор на УЈП.

Таму останува се до почетокот на 2016 година, по што е назначен за директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Трајковски е во втор брак, и е татко на две деца.

Неговата прва сопруга, сега почината, беше Габриела Коневска Трајковска, вицепремиер за евроинтеграции.

Според неговиот анкетен лист,  кој го објави еМагазин на име на родителите пријавил куќа од наследство во Скопје, а на свое име куќа во Крушево, стекната со договор за купопродажба.

Како заеднички имот пријавил сеемен и личен накит, а на свое име пријавил уметнички слики.

Трајковски е љубител на мотори, па пријавил дека поседува Веспа и моторцикл БМВ.

Пријавил и неколку сметки во банка, на име на децата, на родителите и на свое име.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега