Кој е Доминик Рааб, човекот кој ќе го менува Џонсон додека е на лекување?

Шефот на британската дипломатија Доминик Рааб ќе го менува премиерот Борис Џонсон додека тој се бори со коронавирусот на интензивна нега во лондонската болница „Свети Томас“.

Евроскептик, носител на црн појас во карате (трети дан) и аматерски боксер, Рааб (46) го наследи Џонсон.

Студирал право на престижните универзитети Оксфорд и Кембриџ

Како млад правник специјализиран за меѓународно право се вработил во адвокадската куќа Линклатерс, а подоцна му се придржил на министерството за надворешни работи, каде се занимавал со прашања за тероризмот на море.

Во 2003. година е именуван во дипломатскиот тим на кој во Хаг ги истражуваше воените злосторства на Слободан Милошевиќ, Радован Караџиќ и Чарлс Тејлор.

Меѓу 2006 и 2008 беше шеф на кабинетот на Дејвид Дејвис, тогаш козервативен министер за внатреши работи во сенка.

Во британскиот Парламент за првпат е избран во 2010. Пет година подоцна за првпат влегува во извршната власт, кога во владата на Џејмс Камерон станува заменик-министер за правосудство.

Една година подоцна, пред референдумот за Брегзит тој стана активист во кампањата за излегување од Европската унија.

Во Владата се враќа во 2017 година прво како министер за правосудство.

По оставката на Треза Меј се натпреваруваше за претседател на Конзервативната партија, но загуби во вториот круг на гласањето, односно заврши на шестото место.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега