Кој е човекот кој го спаси Вухан: Овој 84-годишен лекар нареди градот да се затвори и така стана херој

Доктор Жонг Наншан ја завршил најважната работа - 50 милиони жители на провинцијата Хубеј дишат со полни бели дробови.

Пред неколку дена се укинати рестрикциите за движење во провинцијата Хубеј, а последните жители на Вухан ќе излезат од карантин на 8-ми април. Животот се врати! За тоа што 50 милиони жители на овој дел од Кина повторно дишат со полни бели дробови заслужен е доктор Жонг Наншан, епидемиолог и пулмолог. 

Вирусот COVID-19 е совладан само затоа што тој забранил секакво движење во најзагрозената област, барајќи луѓето да се воведат во строга изолација 24 часа дневно.

Фотографиите и пораките на лидерот на Националната здравствена комисија во истражувањето на новиот коронавирус ги преплавиле кинеските социјални мрежи, во чест на нациолналниот херој, како што го нарекуваат тамошните медиуми, а се печатат и календари со неговиот лик.

Доктор Наншан има 84 години, иако секој би му дал барем 30 помалку. Секојдневно вежба, мускулите му се истакнати како на бодибилдер. Професорот на Универзитетот во Гуангжу одамна е во пензија, но кинеските власти биле во право кога одлучиле да го активираат. Требало да се врати потресената доверба во службениците во Вухан, кои не кажале веднаш дека новиот вирус не е под контрола.

Само докторот херој можел да ги увери луѓето кои ги обземала паника дека мораат во тотална изолација и дека ќе биде се во ред. Меѓу другото, тој во 2003-та година го победил и САРС.

Наншан не се плашел да каже дека во ситуација кога епидемија убива луѓе, не е важно кој ќе биде шампион во светот во БДП, дали Кина или САД. На властите им порачал дека нема да биде добро ако не го послушаат. Сите во изолација, без исклучок, била неговата прва порака.

„Во што е смислата? Смислата сите исто да јадеме, пиеме, дишиме...Треба да го сочуваме секој човек - нагласил Наншан земајќи клуч во рака.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2020 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега