Кога купувате јајца добро погледнете го кодот втиснат на лушпата - познато е што означува бројот 3

Јајца на око, кајгана, варени јајца, ровки јајца, скоро нема јадење во кое не се става јајце, токму поради неговата хранливост.

Според советите на нутриционистите, најдобро е да се јаде ровко или тврдо варено јајце. Со варењето се елиминираат евентуалните опасни бактерии, како што е салмонелата, а белката полесно се вари.

Она на што треба да се обрне внимание при купување на јајца е да се читаат етикетите и рокот на употреба. Најдобрите јајца се од категорија А. Бројот на почетокот го означува начинот на одгледување. Поради почит кон животните треба да се отфрли бројот 3 кој означува дека кокошките се чувани во кафе, пишува во книгата Смарт диета.

За да видите дали е свежо јајцето ставете го во ладна посолена вода. Ако е свежо ќе остане на дно, а ако не ќе исплива на површина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега