Кога јапонската железница ќе направи грешка - воз подранил 25 секунди, патниците збеснале

„Тешка грешка“ се случила на желзничката компанија ЈР Вест во Јапонија, земјата во која железничките компании се глобално познати по својата беспрекорна точност.

Имено поради возот кој минатиот петок тргнал точно 25 секунди порано од предвиденото време, компанијата ЈР Вест објавила соопштение до медиумите во кое длабоко се извинува за „тешката грешка“.

Оваа грешка се случила кога воз со 12 вагони од станицата Нотогава тргнал кон станицата Ниши-Акиши во 7:11:35 утрината, наместо во точно 7:12:00, како што пишувало во распоредот.

Грепката се случила кога кондуктер се збунил околу терминалот на тргнување и испратил сигнал за движење на возот.

Неколку луѓе кои чекале останале на станица, а еден од нив го пијавил инцидентот во компанијата.

 

 

 

16.05.2018 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа