Коѕијас: Владата го поткопува Договорот од Преспа

 

Владата го поткопува Договорот од Преспа, а потоа како изговор се повикува на негативните резултати од сопственото поткопување, коментира поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас, на неговиот официјален Твитер профил за последните случувања по Самитот на ЕУ, jави дописничката на МИА од Атина.

-По ветото на Макрон еден е заклучокот од практиките на владата во однос на Договорот од Преспа: го поткопува и потоа како изговор се повикува на негативните резултати од сопственото поткопување. Затоа, ќе има многу голема одговорност за евентуални непријатни случувања во регионот, напиша Коѕијас на Твитер

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2019 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа