Кочанчанец излетал од пат – заврши со тешки повреди

39-годишен кочанчанец е тешко повреден откако вчера излетал од регионалниот пат од селото Смојмирово кон Виничка крстосница.

-Вчера во 17.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат с.Смојмирово-Виничка крстосница, кај место викано „Горна Осојница“, Д.Ф.(39) од Кочани, управувајќи патничко возило „форд фокус“, со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.Ф., констатирани во Медицински центар Штип, појаснуваат од полицијата.

 Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Виница.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2021 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега