Македонија се разбуди во екстремно ниски температури. Според податоците на УХМР, најстудено е во Берово каде се измерени -9 степени, додека Битола, Струмица и скопски Петровец се соочија со -8 степени.

Утрински температури по градови:

  • -9 Берово
  • -8 Битола, Струмица, Скопје-Петровец
  • -7 Тетово, Прилеп, Велес, Штип, Демир Капија
  • -6 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Кавадарци
  • -5 Гевгелија
  • -4 Охрид

Единствено над нулата се температурите на повисоките места како Маврови Анови (1), Попова Шапка и Крушево (2 степени).

Претпладне нè очекува сончево време, но веќе попладне облачноста значително ќе се зголеми. Поради продор на нова, постудена воздушна маса од север, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за слаб локален снег во северните и западните делови од земјата.

Во Скопје претпладне сончево, попладне облачно со засилен северен ветер и максимална температура до 8 степени. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа засилен северен ветер.

Максималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 11 степени.

Exit mobile version