Најниска температура од -7 степени Целзиусови утрово е измерена во Скопје, кај Петровец, покажуваат податоците на УХМР. Студено беше и во поголемиот дел од земјата, каде температурите се спуштија под нулата.

Во Тетово, Велес, Штип, Демир Капија, Струмица и Берово се измерени -6 степени, додека на Зајчев Рид во Скопје, како и во Куманово, Битола и Кавадарци, термометарот покажа -5 степени. Нешто потопло беше во Охрид, Претор и Крушево со -1 степен.

Што се однесува до снежната покривка, Попова Шапка води со 24 сантиметри. Во Маврови Анови се измерени 14, во Крушево 13, а по еден сантиметар снег има во Тетово и Ѓуриште.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, а максималната температура ќе се движи од 3 до 10 степени.

Во Скопје се очекува сончево и тивко време со максимална температура до 7 степени.

Exit mobile version