Кочан бил болен - Бара да не оди во притвор

Осудениот бизнисмен Сеад Кочан, кој на 17 јули треба да се појави на капија во затворот Идризово да почне да ја отслужува затворската казна од 4 години и осум месеци, е примен на лекување во една приватна болница во Скопје, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

Основниот суд Скопје 1 потврди за порталот дека тој и официјално го известил судијата за извршување санкции дека е хоспитализиран, притоа барајќи одлагање на извршувањето на казната.

Деновиве Кочан поднел барање до Врховниот суд за вонредно преиспитување на пресудата од 4 години и 8 месеци, за случајот „Труст“, зашто конкурирал со лажна документација и неисполнети услови. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега