Кобра спасила две мали кученца заглавени во бунар

Настанот кој се случил во Индија докажува дека животните сепак не се толку безмилосрдни. 

Имено, две мали кученца паднале во бунар додека си играле со други кученца. Сопственикот забележал дека ги нема, па ги барал насекаде, но не можел да слушне од каде точно лаат.

За чудо, додека малите кученца биле заглавени цели 48 часа во бунарот, до нив лежела и кобра која не им направила ништо туку ги чувала за целото време.

Таа не им дозволила ни на луѓето да се приближат до бунарот и да им направат нешто на кученцата.

најчитано сега