Клуч на врата за дел од студентските домови во Скопје

Летово дел од студенстските домови во Скопје нема да работат, па затоа оние студенти кои ќе сакаат да останат во Скопје во текот на месец јули и август, ќе треба да се преселат во студентскиот Кузнам Јосифовски - Питу.

„Никој не ни дава конкретни информации“, вели студентка сместена во „Стив Наумов“, која додава дека надлежните од домот и најавиле дека мора да се исели во СДУ „Кузман Јосифовски Питу“, изнормира МОФ.

„Веќе три дена ги средувам документите, но немам друг избор“, изјавува една студентка за МОФ.

Инаку, оваа одлука да се затворат дел од студентските домови низ градот била донесена со цел да се намалат трошоците на студентските домови во летниот период. 

Студентските домови што ќе работат летово ги отвораат своите врати за работниците, туристите и посетителите на Скопје. Ќе функционираат како хотели, а цените во нив се различни. Па така, во домот  „Томе Стефановски Сениќ“ студентите кои веќе престојувале во него ќе плаќаат 4.500 денари, останатите студенти по 9.000 денари месечно.

Управниот одбор како орган на управување во државните студентски домови донесува ценовник, со категоризации на собите и цена на услугите во текот на јули и август. Доколку некој од студентите има потреба од престој во домот во текот на јули и август, ќе мора да ги прифати утврдените цени од страна на УО“, додаваат од МОН. 

 

Извор: Радио МОФ

ФОТО: Дневник

најчитано сега