Клековски: Метлата на Заев ја покажа недопирливоста на ДУИ

Метлата на Премиерот Заев уште еднаш потврди дека ДУИ остануваат недопирливи во Владата, смета политичкиот аналитичар Сашо Клековски.

Според него, реконструкцијата не ги задоволила очекувањата на граѓаните и само покажала дека на ДУИ, никој не му може ништо.

„Само се потврди недопирливоста на ДУИ. На македонската страна во главно критиките се за министрите етнички Македонци, многу малку се говори за министрите етнички Албанци. Ми се чини дека начинот на кој се случија промените во ресорите оперирани од ДУИ покажува дека ДУИ е недопирлив и дека критиките на таа страна воопшто не допираат“ – вели Клековски во изјава за Сител.

„Реконструкцијата не ги задоволи очекувањата на јавноста и мислам дека Зоран Заев и СДСМ страдаат од истиот проблем наназад неколку години, а тоа е да поттикнат високи очекувања и на крајот да се соочиме со реалноста на ниска испорака. Кога ја даде премиерот изјавата за метла во Владата, очекувањата во јавноста беа дека најкритикуваните министри, министрите со најмалку испорака на резултати ќе бидат сменети. Тоа не се случи. Всушност нема промена на ниту еден клучен ресор“ – вели Клековски.

Според него, фактот дека премиерот реши истовремено да биде и министер за финансии веројатно води кон заклучокот дека за тоа место, едноставно не можел да најде кадар, бидејќи како што вели Клековски, тешко е да најдете човек кој ќе се нафати да биде министер кратко време, имајќи предвид дека редовните избори се идната зима, а претходно треба да се формира и т.н. „пржинска влада“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2019 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега